„Чест“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Две сестри близначки се раѓаат во едно традиционално курдско село, во кое најголемиот чеиз на жената се нејзината чистота и покорност. Животот ги носи по различни патишта – Џамила останува бабица во родниот крај, а Пембе „по грешка“ се мажи за да го види светот. Нејзините деца го бараат своето место под лондонското сонце: седумгодишниот Јунус се здружува со панкерите сквотери, бунтовната Есма се бори против родовата нееднаквост, а најстариот Искендер станува глава на семејството откако татко им ги напушта. Заробено во стегите на минатото и традицијата, целото семејство е неповратно урнисано поради едно морничаво злосторство – убиство од чест. Возбудлива драма исткаена од времето на минатото и безвремените морални дилеми. Низ богатата палета од ликови, Шафак ги истражува судирот меѓу традицијата и современоста, другоста во западното општество, како и човековото право на слобода и љубов.
„Мајсторски исткаен роман... со шекспировски заплети и пресврти, кобни знаци и енигми, пророштва и судбини“. Индипендент
„Шафак е храбра писателка... Ова е моќен роман... што провокативно ги разоткрива најмрачните аспекти на верата и љубовта“. Телеграф
Елиф Шафак- Најмоќниот женски глас на светската книжевна сцена
Нема доволно зборови и место за да се каже сè што може за оваа современа турска авторка. За нејзината големина и важност најдобро зборуваат нејзините дела. Преведени на повеќе од 40 светски јазици, македонската публика ја има честа да ја држи в рака третата нејзина книга на македонски. Силни женски ликови, црн хумор, космополитизам и мултикултурализам, преплетување на Истокот и Западот, се само некои од карактеристиките на нејзиното писмо.

Сподели на Facebook