Објавено од Фатма Бајрам Понеделник, 18 Декември 2017 10:51
Настаните во книгата се случуваат во периодот 1300–1400 година, во два урбани центри од тоа време – Венеција и Валона, кои имале интензивни трговски и политички односи. Историската заднина е реална. Валона се наоѓа пред турска окупација. Властелинот е убиен во битка, а неговата сопруга го презема водството над градот. Склучува сојуз со Србите, мажејќи ја ќерка си со српскиот благородник Мркша Жарковиќ, кого мештаните го завикале Каси, како Шекспировиот лик. Но Валона не ја спасија од Турците ниту сојузот со Србите, ниту пак Венеција, која беше индиферентна.