Колатерална штета - Линет Исон

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Исаија Џејмс умира на рацете на воениот психијатар Брук Адамс при експлозија во кафуле во Кабул, при што таа се спасува здобивајќи се со тешки изгореници. По долгото лекување Брук се враќа во својата земја и продолжува да работи како психијатар.
Ашер Џејмс е поранешен наредник во армијата за специјални операции кој служел исто така во Авганистан, но сега кошмарите и сенките на војната не му даваат мир. За да се справи со своите кошмари Ашер закажува средба со психијатарот Брук Адамс, но наместо неа во нејзината канцеларија наоѓа мртво тело. Кога ќе откријат дека метата била Брук Адамс, а не мртвата жена во канцеларијата, Ашер дава збор дека ќе ја заштити и ќе се обиде да открие кој ја прогонува и зошто?

Сподели на Facebook