Критички осврт на „Мостот на Дрина“ од Иво Андриќ

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Имало и ќе има ѕвездени ноќи над касабата и раскошни соѕвездија и месечини, но немало и којзнае дали ќе има некогаш такви младежи, што бдеат на портата во такви разговори со такви мисли и чувства. Тоа е поколение на побунети ангели, во оној краток миг додека уште ја имаат и сета моќ и сите права на ангелите и пламената гордост на бунтовниците...“ (извадок од Мостот на Дрина, Иво Андриќ, 1977, стр.284)

На 28.12 во просториите на НУУБ „Св.Климент Охридски“ - Битола учениците од IV-5 од СОУ „Јосип Броз Тито“ - Битола имаа можност да слушнат интересни податоци за животот и делото на Нобеловецот Иво Андриќ, но и заедно со својата професорка по македонски јазик Даниела Петровска на направат еден критички осврт на „Мостот на Дрина“, книга која му ја носи Нобеловата награда на Иво Андриќ.
Значењето на ликовите и пораката кои тие ни ја испраќаат, ја докажуваат моќта зошто баш оваа книга ја добива Нобеловата награда за литература во 1961 година.
„Младоста е среќна доба во која човекот почнува да верува во себе, а сè уште не престанал да верува во другите“ - Иво Андриќ
Подготвија: м-р Гордана Ѓоргиевска-Неделковски и Маријан Колевски

Повеќе фотографии на следниот линк: NUUB Facebook

 

 

Сподели на Facebook