Повторно отворена Австриската библиотека во Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 12 Гласа )

На 20 септември 2012 беше потпишана спогодбата за соработка помеѓу Сојузното министерство за европски и меѓународни работи на Република Австрија и Националната институција Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола за трајно користење на донираните книги од Република Австрија, од  Австрискиот Амбасадор во Македонија д-р Томас Михаел Бајер (Dr. Thomas Michael Baier) и директорот на Универзитетската библиотека Науме Ѓорѓиевски во присуство на научната раководителка д-р Валентина Илиева, Универзитет Св. Климент Охридски, Битола.
По повод потпишувањето беше истакнато значењето на Австриската библиотека, не само како збирките на книги туку и како институции на културна размена помеѓу Австрија и земјата гостин. Ново поставената збирка на ново место во Универзитетската библиотека овозможува преку нејзиното прегледно подредување  лесен пристап до фондот на книги, кој може да биде повикан  и преку каталошкото поврзување на Cobiss.
Потпишувањето на оваа спогодба значи проширување на веќе постоечката соработка, размена на стручен персонал во областа на библиотекарството и информатичките науки, размена на искуства, учества на меѓународни проекти и културни манифестации на двете земји.

Сподели на Facebook