Промоција на книгата „D-A-CH-L -концептот во наставата по германски како странски јазик“ на д-р Валентина Илиева
Последно освежено на Четврток, 18 Јули 2013 12:01 Објавено од Фатма Бајрам Вторник, 16 Јули 2013 08:53
Во преполната сала за промоции на Националната установа и Универзитетска библиотека Св. Климент Охридски на 20.09.2012 беше промовирана научната публикација на д-р Валентина Илиева од страна на проф. д-р Петар Рау во присуство на Неговата екселенција Австрискиот Амбасадор д-р Томас Бајер.Поздравување на студентите, асистентите, професорите, писателите, продеканите и деканите од различни факултети на Универзитетот Св. Климент Охридски следеше во прекрасната сала од доц. д-р Даниела Андоновска-Трајковска. Ректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски проф. д-р Златко Жоглев во неговиот поздравен говор ја опиша авторката како вредна, компетентна и доверлив квалификуван наставник на Универзитетот. Проф. д-р Петар Рау ја промовираше оваа книга од содржински, научен и поврзан со праксата аспект и ја опиша како вистинска книга на методиката, која не само што им е препорачана на наставниците по германски јазик, студентите и докторантите, туку исто и на советниците за германски како странски јазик и идните автори и авторки во Македонија за подобра и помодерна настава по германски јазик.