Денови на европската култура во Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 6 Гласа )

Со оглед на кандидатскиот статус на Република Македонија за членство во ЕУ, значајно е нашите граѓани да бидат запознати со културното богатство на земјите членки. За таа цел, матичната и универзитетска библиотека Св. Климент Охридски организираше деновите на европската култура во Битола во рамките на БИТФЕСТ 2013 година.  Различните култури и нивното прифаќање се предуслов за развој на човекот, негова еманципација и проширување на културното богатство. Исто така, тие се предуслов за подобро меѓусебно разбирање на народите и нивно зближување. Со таква цел во библиотеката Св. Климент Охридски се реализираат деновите на европската култура во Битола започнувајќи од 09.07.-12.07.2013 година. Значајна помош при реализацијата на овој проект библиотеката доби од Друштвото за македонско-германска соработка и пријателство – Битола. Во рамките на проектот  беа прикажани кратки докуменарни филмови за Германија и Австрија. Благодарност до Кристина Илиева кој ги запозна присутните со убавините на двете земји.  Посебна  заинтересираност кај присутните предизвика  филмот  „Шпанскaтa школа за јавање Виена“.
Шпанската школа за јавање е основано во 1572 година и е единствениот Институт во светот во кој е негувана уметноста на јавање и е зачувана ренесансната традиција на високите школи сѐ до денес. Овој филмски портрет го претставува лакот од историјата на одгледувањето на познатиот Липицанер во Пибер/Штаермарк (Piber/Steiermark) до впечатливата документација наизведбите на Шпанската школа за јавање во Виена

Сподели на Facebook