Настани

Подарок од ликовниот уметник Кети Радевска по повод патрониот празник

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

По повод патрониот празник на Националната установа Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ - Битола, ликовниот уметник Кети Радевска ни подари две прекрасни икони со ликот на Климент Охридски.

Над 5000 дела нацртани од нејзините вешти раце. А за нејзиниот талент сведочат и големиот број награди кои ги добила, кои често доаѓаат од разни фестивали и конкурси ширум светот. Кети Радевска е позната карикатуристка од Битола која твори веќе 22 години.

Нејзината љубов кон цртањето, уметноста и карикатурата се надева дека ќе ја пренесе, но и ќе ја препознае во некое од децата од градинката каде што работи.

 

 

 

 

 

 

 

 

Изложба -100 години од раѓањето на Блаже Конески

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во холот на Библиотеката е поставена изложба на тема „100 години од раѓањето на Блаже Конески“.
Оваа година е посветена на Блаже Конески (19 декември 1921 – 7 декември 1993)  кој е најзначајната фигура на македонскиот 20 век. Тој беше филолог, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, преведувач, професор на Филозофскиот факултет во Скопје и академик – прв претседател на Македонската акадамија на науките и уметностите (МАНУ).

Во негова чест НУУБ „Св.Климент Охридски“- Битола во периодот од 8 до 17 декември ќе организира низа настани со учениците од основните и средните училишта.
Изложбата ја подготвија: Илче Стојановски, д-р Јасминка Кочовска, Слободан Пачовски, м-р Гордана Ѓоргиевска Неделковски и Марија Марковска.

Повеќе фотографии од изложбата погледнете на следниот линк: NUUB Facebook

   

Програма по повод одбележувањето на патрониот празник на НУУБ „Св. Климент Охридски“ - Битола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

   

Страница 10 од 314

Сподели на Facebook