Архива (наслови)

Аферата Колумбо

PDFПечатиЕ-пошта

( 5 Гласа )

Семејна тајна, безмилосен фанатик и продолжена рака на американската влада - сето ова е поврзано со една неверојатна приказна.

Што ако се што знаеме за откривањето на Америка е лага? Што ако таа лага е измислена за да се скрие тајната зошто Колумбо пловел во 1492 година? И што ако тајната што е чувана 500 години може насилно да го промени современиот политички свет?

 

„Горе е тивко“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Спокојно раскажана приказна под чија површина вријат страсти и неспокојни размисли за вината и личната одговорност.
Откако неговиот брат близнак загинува во сообраќајна несреќа, Хелмер е принуден да се откаже од студиите и да остане на малата семејна фарма, помирувајќи се што мора да го мине животот „со главата под крава“. Сите години zе врзан за фармата и не се оженил, измачуван од премолчаното чувство дека татко му повеќе го сакал другиот брат, кој требало да ја наследи фармата. Романот почнува триесет години по трагичниот настан, кога Хелмер го преселува неподвижниот татко на горниот кат за да може да го преуреди долниот дел од семејната куќа по своја желба.

Читај повеќе: „Горе е тивко“

   

„Војници со гумени чизми“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Романот „Војници со гумени чизми“ на македонскиот писател Ивица Челиковиќ е драматична и страсна приказна за копнежот и љубовта, за растењето и пронаоѓањето на својот животен пат. Современ роман-потсетник на едно бурно време во кое заедно со големата држава се распаѓаа и многу семејства и надежи, кога се бришеа границите меѓу чувствата и разумот, меѓу реалноста и човечките соништа.
Дејствието во романот се одвива околу браќата Васил и Столе, само едни од многуте кои не успеваат да се приспособат кон новите околности.

Читај повеќе: „Војници со гумени чизми“

 

„Во шумата“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во една летна вечер во 1984 година, во мало предградие на Даблин се случува ужасна трагедија. Три деца одат да си играат во блиската шума, а две од нив ќе исчезнат и никогаш нема да бидат пронајдени. Полицијата наоѓа само едно од децата, повредено и преплашено, кое не може да се сети што се случило...
По дваесет години, во истата шума се случува ново злосторство. Роб Рајан, преживеаното момче од првата трагедија, сега има нов идентитет и работи како детектив во даблинската полиција. Тој и неговата партнерка почнуваат да го истражуваат новиот случај, поврзан со свирепо убиство на една тинејџерка.

Читај повеќе: „Во шумата“

   

„Во што се вљубуваме“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Книга за сладокусци, за читатели со вкус за висока естетика. Сè уште меѓу најчитаните во Хрватска, преведена на неколку јазици.
Книгата содржи несекојдневни возбудливи приказни за љубовта, за растењето и семејниот живот, за градското секојдневје и за изненадувачките настани кои на јунаците во овие раскази им ја менуваат сликата на нивниот живот. Тоа се приказни за љубовта без која не е можно, а со која не е ни лесно. Во исто време, овие приказни, исполнети со љубовни копнежи и сцени на патење поради љубовта и неисполнетоста, раскажуваат за тоа како почнува љубовта и кога завршува таа.

Читај повеќе: „Во што се вљубуваме“

 

“Бојата на времето“

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

„Бојата на времето“ жанровски ѝ припаѓа на научната фантастика. Симјаноски е еден од ретките македонски писатели кој објавува дела од областа на научната фантастика, а романот „Бојата на времето“ може да се смета за неговото најквалитетно и најкомплексно структурно и тематски оформено дело од областа на овој жанр.

Читај повеќе: “Бојата на времето“

   

Страница 1 од 70

Сподели на Facebook