Уметницата со кана - Алка Џоши
Објавено од Слободан Пачовски Петок, 05 Март 2021 08:26
Живописен и заразен приказ на битката на една жена да се реализира себеси во општество кое е на раб меѓу традиционалното и модерното; Уметницата со кана отвора врата од свет кој е подеднакво раскошен и фасцинантен, колку што е мрачен и злобен.
По бегството од насилен брак, седумнаесетгодишната Лакшми се упатува во вибрантниот, розов град Џајпур. Таму станува најбараната уметница со кана, но и најголемата чуварка на тајни на најбогатите жени од високата класа.
Љубовно романче - Емили Хенри
Објавено од Слободан Пачовски Петок, 05 Март 2021 08:24
Една писателка на романси која повеќе не верува во љубов и еден писател на сериозни книжевни дела кој има писателска блокада се впуштаат во летен предизвик кој може да ги промени сите нивни досегашни верувања. Август Еверет е познат автор на интелектуална книжевна фикција. Јануари Ендрус е авторка на романси бестселери – или, според него, на „љубовни романчиња“. Додека таа везе среќни краеви, тој ги „убива“ сите главни ликови во своите книги.