Правилото 10х - Грант Кардон
Објавено од Слободан Пачовски Вторник, 23 Февруари 2021 12:00
Правилото 10х е светиот грал за луѓето што сакаат да успеат. Тоа ги утврдува најсоодветните нивоа на дејствување и осигурува дека ќе продолжите да функционирате на тие нивоа во текот на целиот ваш живот и професионална кариера. Ќе ве ослободи од стравовите, ќе ви ги зголеми храброста и самодовербата, ќе ги елиминира одолжувањето и несигурноста и ќе ви даде чувство за цел – а со тоа вашиот живот, вашите соништа и вашите цели ќе доживеат преродба.
21 лекција за 21 век - Јувал Ноа Харари
Објавено од Слободан Пачовски Вторник, 23 Февруари 2021 11:56
Што точно се случува сега? Кои се најголемите предизвици и избори што стојат пред човештвото? Зошто демократијата е во криза? Што можеме да направиме за епидемијата од лажни вести? Која цивилизација доминира со светот? Што треба да ги учиме нашите деца? - Во дваесет и едно поглавје, секое длабоко и провокативно, се презентираат комплексните современи предизвици на јасен и достапен начин, предизвикувајќи го читателот да ги земе предвид вредностите, значењето и личниот ангажман во овој свет полн со неизвесност.