„Zero, zero, zero“ - Роберто Савијано

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во романот„ Зеро Зеро Зеро“ Савијано отворено раскажува за влијанието на кокаинот во модерниот свет, почнувајќи од глобалната економија до приватните животи на луѓето околу нас. Авторот вниманието го насочува кон патот низ кој минува кокаинот, поврзувајќи го како дел од модерната економија.
При читањето на книгата се добива чувство дека читате студија во која до најситен детаљ се опишани различни пресметки меѓу членови на мафијата, но сепак на крајот сфаќате дека длабоко сте навлечени во едно сведоштво поради кое засекогаш ќе го промените мислењето за светот околу вас. Од книгата дознаваме како се пренесува дрогата од јужноамериканските илегални лаборатории на други континенти, кои се луѓето кои пренесуваат помали дози на кокаин, како дрогата стигнува до крајната дестинација. Напишана е со јасен стил и прецизни податоци за тоа како кокаинот станал еден од водечките бизниси на денешницата.
Насловот на книгата се однесува на чистотата на кокаинот. Во многу земји жаргонскиот термин нула нула, односно двојна нула означува чист кокаин на пазарот. Но, нула нула нула е чист кокаин со висок квалитет.

Сподели на Facebook