„Волчја доба“ – Андрус Тапинас

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Романот е дел од идна серија книги сместени пред Втората светска војна во Источна Европа, испреплетени со натприродни елементи во рамките на вообичаените тензии помеѓу етничките групи и империи, особено на Германците и Русите. Во сценариото кое се врти околу тајниот еврејски заговор да ги контролираат настаните во светот, Тапинас претставува високотехнолошки, поствикторијански Вилнус поврзан со Прага преку суштествата голем и нивните магови. Градот Вилнус е запоседнат од Козаците и од Прусите, и е под закана на еден бионички, железен волк.
Волчја доба е првата „стимпанк“ книга во Литванија, која 20 недели се наоѓала во топ-10 бестселери.

Сподели на Facebook