„Земја на љубовта“ - Одни Еир

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Издавачката куќа „Антолог“ го објави романот „Земја на љубовта“ од исландската писателка Одни Еир. Романот е добитник на Наградата за литература на Европската Унија во 2014 година и седум недели бил на листата на најпродавани книги.
„Земја на љубовта“ е напишан во форма на дневник и опишува период од животот на главната хероина во кој таа е задлабочена во потрагата по место каде што припаѓа и каде што би се удомила.

Парадоксално, ова ја носи на различни патувања, физички и психички, низ времето и низ просторот, за да ги пронајде одговорите на прашањата што се однесуваат не само на неа туку и на целото човештво. Таа истражува различни начини на живот, се задлабочува во различни типови врски и размислува за својата поврзаност со семејството, со земјата и со нацијата. Се обидува да пронајде животна рамнотежа.
Оваа книга е најпознатото дело на Одни Еир, за кое таа има добиено голем број награди. Со „Земја на љубовта“ таа доведува до совршенство една маргинална книжевна форма како што е дневникот. Книгата е објавена со поддршка на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија.

 

Сподели на Facebook