„Троглодитни тинејџери“ - Емануела Пагано

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Емануела Пагано едноставно и нежно раскажува една исклучителна животна приказна. Храбар роман, поетски и возбудлив, роман кој ја враќа надежта. Адела е главниот лик во романот, која е родена во тело на маж, но подоцна се подведува на операција за промена на полот. Во близина на нејзиното гратче има две езера. Првото е вештачко и под него лежи имотот каде што таа е родена и каде го поминала своето детство, со родителите и со братот Аксел. Второто е природно, вулканско езеро, каде често пати оди да го помине своето време. Како што постојат верзии од исто нешто во природата, така и во човекот се кријат повеќе лица. Адела се враќа во родното место, каде ја ангажираат како возач на училишниот автобус. За учениците претставува вистинска мистерија која имаат желба да ја разоткријат. Прашањето е дали ќе можат?

Сподели на Facebook