„Изумот на Морел“ - Адолфо Биој Касарес“

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Ова ремек-дело Борхес го стави рамо до рамо со Процес на Кафка и со Свртување на завртката на Хенри Џејмс. Му се воодушевувале Хулио Кортесар и Габриел Гарсија Маркес, а им послужил како модел на Алан Ресне и на Алан Роб-Грие за еден од најпознатите француски филмови, Минатата година во Маријенбад, со што ја смениле историјата на филмот. Еден бегалец се крие на напуштен остров во Полинезија. Пристигнуваат туристи, и неговиот страв да не биде откриен се меша со емоциите кон една туристка. Сака да ѝ каже што чувствува, но некаков чуден феномен ги држи настрана еден од друг. Новелата на Биој Касарес е напната приказна и прекрасна несекојдневна романса, во која секој детаљ е кристално чист и длабоко мистериозен. Книгата е инспирирана од филмската ѕвезда Луис Брукс.

Сподели на Facebook