„Јаре за пет пари“ - Григориј Канович

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Еден од најтоплите книжевни обиди да се овековечи вечниот однос меѓу родителите и децата. Каменорезецот Ефраим би направил буквално сè за да ги заштити своите четири деца, кои веќе се возрасни луѓе. Сè почнува од моментот кога на старецот му соопштуваат дека на едниот син му се заканува смртна казна поради обидот да убие висок државен политичар. Ефраим тргнува на еден долг пат кој ќе го соочи со потресноста на загубата, судската истрага, еврејското наследство, односот меѓу традицијата и модерноста, на домот и татковината. Авторот ги опишува предреволуционерните настани од 1905 година во Литванија, понудувајќи им на читателите бисери на светската мудрост.
„Со жена и со деца сите маки се послатки, но каде да ги најдеш сега? Се разлетаа, се растопија, испарија! Викај со сета сила – нема да те слушнат, рикај од плачење – нема да ти се одзват. Зарем можеш да уловиш облак? Зарем можеш да го врзеш ветерот за ланец?

Сподели на Facebook