„Капетан Конан“ - Роже Версел

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Дејството на "Капетан Конан" се случува за време на Првата светска војна на балканските простори, непосредно по објавувањето на примирјето од 1918 година. Елитната единица доброволци, под команда на поручник а потоа и капетан Конан, во тој момент се наоѓа на Дунав во Романија каде што е пратена како поддршка, но во услови на намалена воена активност. Тоа е можност војниците да му се вратат на цивилниот живот, но и на воените судови. Норбер, пријателот и соборец на Конан, е поставен за поручник-известител со задача да води истрага за Французите обвинети за воени злосторства и потоа да ги изведе пред воениот совет. Конан е обвинет за убиство, но Норбер одбива да го предаде својот другар, па ја напушта функцијата и се враќа на фронтот. Таму, за време на последната битка – која се води неколку месеци по примирјето – се покажува како херојски водач и со помош на тогаш притворениот Конан, успева да излезе како победник. Иако низ учеството во оваа победа, Конан е рехабилитиран, како и во повеќето војни и воени романи, и овде приказната се затвора со трогателна и горчлива кода.

Сподели на Facebook