„Куќата на сликарот“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Дождлива пролет во Брисел. Марсијал, сликар што тешко ги продава своите дела, среќава една очајна жена на која сака да ѝ помогне да ја врати волјата за живот. Ќе биде ли ова почеток на една љубовна приказна? Не, бидејќи Марсијал се плаши да се вљуби. Тој признава само забава и пријателство. И, како и секогаш, ќе го следи сенката на неговиот брат, „кој не е како другите“. Ќе се промени ли тој во текот на месеците во кои ќе сретне други туѓинци, чии проблеми ќе ја направат и неговата состојба уште поалармантна? Во потрагата по среќата, ликовите во романот и нам ни ја пренесуваат убавината на Надежта.
Вредностите на оваа книга се и книжевни и социолошки бидејќи таа се занимава со психолошките болести и со затвореноста, како и со улогата и статусот на уметникот во современото општество.

Сподели на Facebook