„Сервирај за победа“

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во книгата Сервирај за победа Ѓоковиќ раскажува како растел во Србија, земја разурната од војна, како се пробил меѓу најдобрите играчи во овој спорт. Потоа ни го открива начинот на исхрана што во целост го преобразил и го кренал на самиот врв. Ѓоковиќ направил план како само за 14 дена да ги трансформирате и телото и животот - со неделниот план за исхрана, совети и рецепти лесно ќе се ослободите од вишокот килограми и ќе го подобрите здравјето.
„Не мора да бидете спортска суперѕвезда за да живеете и да се чувствувате подобро. Со Сервирај за победа ве делат само две недели од вашето ново, поподготвено, посилно, поздраво јас“, вели Ѓоковиќ.
Преводот на македонски јазик на книгата Сервирај за победа е во издание на Арс Либрис, дел од Арс Ламина публикации, во соработка со МПМ (Медиа Принт Македонија) и ЕВН.

Сподели на Facebook