„На прв поглед“ - Николас Спаркс

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

,Колку далеку можеш да избегаш од сопственото минато?”
Џереми Марш еднаш се заколна дека нема да направи три работи: да го напушти Њујорк, да го подари своето срце откако преживеа еден пропаднат брак, и најмногу од сè, да не стане татко. Сега Џереми живее во едно гратче наречено Бун Крик, Северна Каролина, оженет е со Лекси, жената која ја сака, и го очекуваат раѓањето на нивната ќерка. Неговиот животот изгледаше средено – сè додека не се појави една вознемирувачка и мистериозна порака од минатото. Раните кои мислеше дека се залечени, повторно се отворија, и Џереми сфати дека неговиот поранешен живот е поблиску отколку што мисли.

„Токму кога мислиш дека не може да биде полошо, може. И баш кога ќе помислиш дека не може да биде подобро, повторно може…“ – токму кога Џереми ќе се опушти во благодетите на сопственото постоење, и покрај негодувањата на неговиот пријател Пол дека животната пресвртница го затекна премногу брзо и непланирано; стигнува е-маил со вознемирувачка порака… „како си сигурен дека детето што Лекси го чека е твое?!“, алудирајќи на неговата стерилност. Вака се повлекува синџирот на вознемирувачки настани кои ќе го променат текот на бракот, а воопшто и на животот на оваа двојка. „Секој пар има свои подеми и падови, секоја врска претрпува расправи, но тоа ја прави нивната суштина – врските не може да функционираат без доверба“ тврди Спаркс – колку и дали навистина ги познаваме оние што ги сакаме? Како да се справиме со неизбежните сомнежи и стравови во конотација на заедничкиот живот како пречки кои задолжително ни се поставени на патот? Продолжување на вербата од првиот дел, овој роман ја доловува формата на скршеното срце, напнатотста и романтиката, како и сите изненадувања кои следуваат во една врска. „Дали довербата треба да се заработи или тоа е едноставно прашање на верба?“, кое води кон, сепак оправдување на љубовта – Џереми и Лекси го надминуваат тестот на злото, за да ја се јават извесни компликации во бременоста на Лекси. Компликации, бидејќи нив ги има во множина…
Неверојатна приказна за љубовта помеѓу маж и жена, паралелно со љубовта помеѓу родител и дете, повторно препишана на сметка на Спаркс. „На прв поглед“ се сведува околу драматичните завршетоци кои носат нови почетоци… страшни трагедии кои водат кон неочекувани радости… а најмногу од се, ја доловуваат магијата на вечната љубов. Доволно длабоко за да Ве натера уште денес да ја побарате!

 

Сподели на Facebook