„Повторно дома“ - Анти Тури

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Еден човек се враќа во родниот крај откако долго време поминал на Флорида. Причините поради кои Ерки отишол во Америка пред десетина години се поврзани со тежок финансиски криминал и сега тој се враќа да си го земе она што смета дека е негово – местото во општеството и жената. Меѓутоа, нештата не се одвиваат според неговиот план. Како беше, домашниот и надворешниот есап се разликуваат. Сопругата има син од друг човек, а има нешта кои не можат да се купат со пари. Гастербајтерот влегува во директен конфликт со многу од локалните граѓани.
Повторно дома е добитник на наградата „Финландија“ во 1997 година.

Сподели на Facebook