„Рулет“ - Лада Жито

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во Хрватска има 50.000 регистрирани хронични зависници од коцка. Годишно на овој порок се трошат речиси милијарда евра. Во Загреб, град кој сè повеќе е блиску до апатија, на секој чекор никнуваат нови коцкарници кои даваат најпрецизна слика за осиромашеното население – таму ќе најдете многумина кои ги „отпишала“ берзата, „луѓе без својства“, додека очајнички ги предаваат на судбината последните влогови и последните надежи. Еден бунтовен човек меѓу останатите коцкари ќе одлучи со необична игра да го надитри рулетот, општеството, судбината, околината. Но играта е возбудлива и многу болна.

Сподели на Facebook