Куќата на волкот

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Баба Мубарка, му диктира писмо на нејзиниот внук за до Севишниот да го прати по имејл, со барање да ја земе кај себе. Писмото нè враќа во времето на адолесценцијата на Мубарка и нејзината болно прекината романса со Мунтасир, синот на покојниот, но легендарен, силен и познат човек во селото на арапски наречено гнездо. Пренасочувањето на богатството на родот ал-Диб влијае на сите аспекти во животите на неговите членови, од нивните сексуални чувства до тагата за загуба, неизвесностите на светот што се менува и срцевите болки создадени од предавство и неисполнета љубов. Извонредна сага за една рурална египетската фамилија, за љубовта и историјата на Египет што влијаеле на нивните животи. Книгата во 2012 ја доби престижната награда за литература „Нагиб Махфуз“.

 

Езат ел Камхави е египетски романсиер и новинар роден во 1961 година. Тој студирал новинарство на универзитетот во Каиро. Тој е главен уредник во списанието за култура Ал Доха. Автор е на десет книги од кои, четири романи и две збирки кратки раскази.

Сподели на Facebook