Колера маало

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Колера Маало е иронично име за местото Долапдере, каде што е и Музејот на полскиот поет Адам Мицкиевич, кој во овој кварт починал од колера во 1855 година. И самиот оригинален наслов на книгата Ağır Roman има двосмислено значење. Зборот roman во турскиот јазик означува и „циган“ и „роман“. Заедно со придавката ağır која што означува и „тешко“ и „забавено“, Колера Маало е трагична приказна за главниот лик, кој израснал во таа расно, етнички и верски мешана средина и што на крајот извршува самоубиство. Како и главниот лик во романот, Салих – Сила, авторот Метин Качан во 2013 година, на 51 година извршил самоубиство, скокајќи од еден мост на Босфорот… …Неговите дела се андерграунд реалност, преполни се со проститутки, наркомани, хомосексуалци, сексуални манијаци, религиозни фанатици, банди, малолетници - деликвенти, невини занаетчии, насилства, мачења, убиства и како што изјавувал самиот Метин Качан, сатирично пишувајќи за ликовите што сам ги измислил, ја изгубил контролата над нивните животи и судбини… Метин Качан (Metin Kaçan), (1961 – 2013) е турски автор што е најпознат по романот Ağır Roman (Колера Маало) кој е преведен на повеќе јазици и според кој е снимен истоимениот филм во режија на Мустафа Алтиоклар (1999). Голем дел од творештвото на Качан се поврзува со неговиот живот во сиромашниот кварт Долапдере (блиску до плоштадот Таксим).

Сподели на Facebook