Паднатите ангели

PDFПечатиЕ-пошта

( 2 Гласа )

Семејна сага што ќе ве одведе на едно прекрасно патување во Ирска, продолжува во возбудливиот Лондон и преку златното доба на Холивуд завршува некаде во осумдесеттите години од минатиот век.

Една зимска ноќ во 1958 година, на прагот од портите на сиропиталиштето „Милосрдни сестри“, оставено е женско новороденче.

По една година, филмската ѕвезда Френсиз Фицџералд ќе настрада во сообраќајна несреќа. Сите се сомневаат дека нејзиниот богат сопруг знае нешто повеќе околу трагичната несреќа.

Кара, ќерката на Френсиз, после долги години решава да ја открие мистеријата. По тешкото детствто поминато во сиропиталиштето , младата жена станува успешна новинарка. Меѓутоа постојано се бори со траумите од младоста. Животот ја научил никому да не му верува.  Решава, за да ги победи траумите и проблемите, да ја открие тајната за смртта на мајка си. Кара тргнува по вистината, не мислејќи дека тоа може целосно да ја уништи...

Сподели на Facebook