Ејми Сноу

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Ејми Сноу е девојка која, според сплет на околности, се искачи од трн на ѕвезда! Романот "Еми Сноу" може да послужи како инспирација за сите нас!

Заплетот на романот се наоѓа во викторијанска Англија, но хипокризата во денешно време можеби е поголема од тогаш! Во тоа време, барем јавно беше кажано дека „не сите бебиња вредат исто, дека нивната вредност зависи од многу нешта, особено од околностите на нивното раѓање и од каков вид на семејство доаѓаат“. Зарем и денес не се гледа на облеката и чевлите што се носат, автомобилот што го возиме, телефонот што го користиме ... и врз таа основа, проценуваме кој колку вреди!

Ејми Сноу е бебе кое беше фрлено од својата мајка во снегот. Но, малечката Орелија,  на чиј имот беше фрлена Ејми, ги разурнува стереотипите кои владеат за тоа време. Таа го зема бебето и го доведува во куќата. Грижата на семејството е очигледна, но за неа така несфатлива.

Интересен роман за тоа кон каде се движи современото општество погледнато од спрегите во кои живееше тогашна Европа во времето кое се користи како наратив во ова дело.

Сподели на Facebook