Објавено од Александар Крстев Понеделник, 05 Ноември 2018 18:11
„Драми, интриги, хумор, страст.
Приказна во приказна, потрaгата
по вистината низ магијата на вљубувањето."
Книгата „Лавиринт на духовите“ одлично го заокружува величествениот циклус романи поврзани со Гробиштата на заборавените книги (Сенка на ветрот, Играта на Ангелот и Заточеник на небото).
Сите тајни кои се испреплетуваат во претходните 3 мајсторски романи, Зафон ги отплеткува во Лавиринтот.
Локацијата – нормално, прекрасната Барселона. Ќе уживате во првиот дел, а за сé она што ќе остане недокажано, без грижа, ќе има и втор дел.
https://www.youtube.com/watch?v=qN5AHEGwAsk