Тајната ќерка

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Во сезоната на монсуните, во изолирано индиско село, Кавита раѓа бебе - девојче.

Но во култура која ги фаворизира машките деца, единствениот начин на кој Кавита може да ја спаси својата новородена ќерка е да ја даде на посвојување. Тоа е одлука која до крајот на животот ќе ги прогонува неа и нејзиниот сопруг... Тоа е одлука која ќе ги прогонува дури и по пристигнувањето на нивниот скапоцен син.

Речиси на другата страна од светот, Сомер, американска докторка, дознава дека никогаш нема да може да има свое дете. Откритието за неа е страшно болно и неподносливо, но откако се помирува со реалноста, таа одлучува да посвои бебе.

Оваа приказна е раскажана со паралелно преплетување на двете приказни, двата гласа, оној на Кавита и оној на Сомер - тие раскажуваат додека детето ги поврзува нивните судбини. Тајната ќерка раскажува за емотивниот терен на мајчинството, загубата, идентитетот и љубовта преку животите на две семејства - едно индиско, едно американско - и детето кое неповратно ги врзува...

Сподели на Facebook