Дванаесетте соби на Нил

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Флоренс Најтингејл и Густав Флобер, во ист период патувале по крајбрежјето на Нил и тоа пред таа да стане најголемата хероина на XIX век, а тој пред дај напише збор од романот „Госпоѓа Бовари“. Во имагинативниот чекор за кој се решил писателот, двата лика започнуваат страсно пријателство преку интелигенцијата, хуморот и привлечната нежност, кое подоцна ги менува нивните судбини.

Во 1850, Флоренс, ќерка на познато англиско семејство, запловува на реката Нил, придружувана од пријатели и од нејзината слугинка Троут. На разочарување на нејзиното семејство, таа на дваесет и девет годишна возраст, на своја волја е на пат кон целибат и покрај нејзината добра ситуираност, шармот и убавината. Во меѓувреме Густав и пријателот Максим Ду Камп, се впуштаат во експедиција на која документираат неистражени споменици од антички Египет. Потресен од смртта на татко му и сестра му и измачуван од мистериозна треска, Флобер се откажал од Правниот Факултет и го напишал својот прв роман. На само дваест и осум годишна возраст, тој е недокажан писател со пропаднато тело. Гистав е озлогласен женкар и патрон на безброј проститутки. Но, и двајцата горат од неисполнети амбиции, поради што се спојуваат и ги споделуваат своите најтешки грижи и најстрасни надежи.

Овој смирувачки роман, полн со авантури и сјајни чувства на двајцата патувачи, нуди јасна комбинација од прекрасна проза и дива имагинација, во богатите бои на Египет во XIX век.

Сподели на Facebook