Одговорот на Јулија

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Книга за потрагата на еден маж по љубов и недостижниот лек против љубово страдање.

Во занесната Верона, Глен ги проучува обичаите на нејзините жители и почнува да се занимава со откривање на вистината за Ромео и Јулија.

Истовремено, тој ни раскажува за Клер и нејзината невозвратена љубов. Дали таа навистина била негова сродна душа или како Розалин од Шекспировиот класик е обичен предмет на вљубеност кој бледнее штом во животот ќе му влезе неговата вистинска Јулија?

Кога ќе се врати дома во својата родна Канада и повторно ќе ги преземе своите обврски како наставник по англиски јазик, Глен своите ученици ќе ги соочи со идеалот на љубовта, читајќи ја заедно Ромео и Јулија.

Како современа љубовна приказна исткаена со романтика од минатите времиња, овие мемоари на маж во потрага по љубовта ќе ви ја разгалат душата и веднаш ќе посакате да резервирате лет за Верона.

Сподели на Facebook