Окото на црвениот цар

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Дејствието се случува во далечната 1929 година. Пекала е затвореник на режимот на Сталин затоа што бил „Окото на царот“, тој е протеран во гулаг Сибир - казна која е најстрога самата по себе, тој е пратен да ги обележува дрвата за сечење, а со тоа тој и живее во шумите во Сибир.

Но под таа казна исто така се подразбира дека тој е оставен самиот на себе да се снаоѓа како знае и умее со дивите животни и со студот а единствената храна која му ја оставаат се неколку намирници на некоја чистинка. Тој за некое чудо успева да опстои тука девет години, а толку и одлежал од својата казна која изнесувала триесет години сѐ до денот кога по него доаѓа еден млад комесар Киров со наредба да го врати назад во цивилизацијата, т.е. да го реактивира. Да му понуди слобода во замена за неговите услуги.

Пекала е вториот син на фински регимента од времето кога Финска била руска колонија, бил пратен да го заземе местото на својот постар брат Антон кој бил рустициран од кадетите. Пекала бил регрутиран и служел во елитната единица која била лична гарда на царот. Но по еден инцидент тој требало да биде избркан, но благодарение на својата дарба за добро запазување и добра меморија, по која бил познат, успеал да го привлече вниманието на царот.

Царот во него видел личност на која може да ѝ се довери целосно. Па така Пекала останува и се здобива со специјални овластувања како иследник и добива скапоцен медалјон по кој бил препознатлив сѐ до Револуцијата. Тој бил страв и трепет за криминалците. По револуцијата, Москва сакала да дознае што точно се случило со семејството на рускиот цар, со семејството Романови, бидејќи наредбата  за нивната егзикуција не стигнала до нивниот врв.  Па тогаш кој наредил да бидат убиени? Каде се нивните тела, каде се големите златни резерви на царот? Сето тоа може да го знае само Пекала - Окото на црвениот цар.

Сподели на Facebook