Кон светилникот

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Кон светилникот“, e напишан во најдобриот период од книжевна кариера на Вирџинија Вулф. Духот на времето во кое живеела било време на промени на сите нивоа и од сите аспекти: во религијата и етиката, во филозофијата и естетиката. Кон светилникот нема традиционален заплет; приказната се состои од низа искуства, сеќавања и чувства што се однесуваат на свеста на ликовите.

Романот опишува два дена – вториот по десет години од првиот. Се работи за исчекувањето и сеќавањето на семејството Ремзи на посетата на светилникот и семејните тензии. Една од главните теми во романот е напорот на уметничката Лили Бриско да слика покрај сите семејни препирки. Романот претставува и медитација на животот на населението на една нација во време на војна. Исто така, Вулф го истражува минувањето на времето и тоа како општеството ги присилува жените да им дозволат на мажите да им ја земат емоционалната сила.

Сподели на Facebook