Дивите детективи

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Новогодишна ноќ во пресрет на 1975 година ‒ Артуро Белањо и Улисес Лима, зачетниците на висцералното реалистичко движење во поезијата, го напуштаат Мексико Сити во зајмен бел форд импала. Нивната мисија е да ја пронајдат мистериозно исчезнатата поетеса Сезареа Тинахеро. Но една жестока пресметка во пустината Сонора ги тера да избегаат. По дваесет години, тие се сè уште во бегство...

Во овој блескав роман, книгата што го утврди неговото меѓународно реноме, Роберто Болањо ја раскажува приказната за двајца современи донкихотовци ‒ последните преживеани претставници на едно таинствено книжевно движење, можеби и на самата книжевност ‒ во една трагикомична потрага низ мрачниот, хаотичен универзум: нашиот универзум.

Дивите детективи е раскошен, еротичен, амбициозен и крајно инвентивен роман од еден од најголемите латиноамерикански автори на нашето време.

Сподели на Facebook