Книга за бамбусот

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Книга за бамбусот претставува метафора за раѓањето на една филозофија низ билката која ги допира човечките прсти и се враќа на својот дефинитивен облик.

Бамбусот е главен лик и предмет на човечките мисли и желби, тој е врската меѓу две култури (јапонската и кинеската), врската помеѓу човечките судбини; тој ги определува настаните, преземајќи ја вината врз себе. Низ книгата дефилираат цареви, поданици, војска, се менуваат кланови и династии, но лајтмотивот останува мистериозната девојка родена во бамбус.

Книга за бамбусот е книга за некои други светови, кои најчесто го претставуваат светот на нашите сништа. „Бамбусот има душа, тој никгаш не би поминал низ човечкото тело. Би го допрел и би барал друг, заобиколен пат. Луѓето, пак, растат и живеат низ други луѓе, позиции, предмети, наместо низ просторот кој е нивното духовно живеалиште. Во него нема пречки, бидејќи тука човекот се бори со самиот себеси, со својата волја и снага. Затоа може да се сака една личност цел живот, доколку така одлучи човекот. Пак е тоа борба со самиот себеси, но не борба против себеси.“

„Сè што си бил и ќе бидеш - не си. Само што си - ти си“

Сподели на Facebook