Лавиринт на духовите (2 дел)

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Алиса Грин и инспекторот Варгас ја истражуваат мистеријата на исчезнувањето на министерот Маурисио Ваљс. Меѓутоа, во мигот кога ќе наидат на првите сериозни траги, од централата ги изненадува веста: равботата на истрагата се стопира, бидејќи тимот истражители кој паралелно работел на случајот успеал да ги поврзе сите конци и да го реши. Леандро, менторот на Алиса, го исполнува ветувањето што и го дал: по овој случај ќе биде слободна, ќе може да го продолжи животот како што сака самата, без натамошни обврски кон службата за којашто работела толку години и спрема која чувствуваше презир и гадење.

Книгите Лавиринт на духовите 1 и Лавиринт на духовите 2 го заокружуваат величенствениот циклус романи за Гробиштата на заборавените книги, на кој му припаѓаат и Сенки на ветрот, Игра на ангелот и Заточеник на небото. Во фасцинантна кулминација на една од најсаканите стории на современата светска книжевност, големиот илузионист на пишаниот збор Карлос Руиз Зафон, му ги расветлува на читателот сите оние тајни што го интригирале додека уживал во фантазмагоричната литературна мрежа исткаена во претходните три романи.

Сподели на Facebook