Мраз студено

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Бостонската истражителка Мора Ајлс заминува во Вајоминг на медицинска конференција, каде среќава група пријатели и решава со нив да тргне на скијачки излет. Меѓутоа, комбето ќе им се заглави на завеан планински пат, а нема да има никаква помош.

Наближува ноќта а виулицата станува посилна, па друштвото наоѓа засолниште во зафрленото село Небесното Кралство, со дванаесет сенишно идентични куќи, мрачни и напуштени. Во Небесното Кралство се случило нешто страшно: недовршено јадење стои во чиниите а автомобилите стојат паркирани во гаражите. Жителите на селото како в земи да пропаднале, но трагите во снегот покажуваат дека некој и понатаму демне во студената темнина - некој кој ги набљудува Мора и нејзините пријатели.

Неколку дена подоцна, на детективката од одделението за убиства на Бостонската полиција, Џејн Риколи, и стигнува вест дека е најдено јагленосано тело во планинската клисура, телото на Мора. Шокирана и ужалена Џејн е решена да открие што точно се случило со нејзината пријателка. Истрагата ја води во заплетканото минатото на Небесното Кралство, каде што под снегот, ја чека страшна тајна. Додека се нижат морничави откритија, Џејн се приближува до моќниот и немилосрден противник, а се приближува и до морничавата вистина за судбината на Мора.

Сподели на Facebook