"Лавр“ - Евгениј Водолазкин

PDFПечатиЕ-пошта

( 1 Глас )

Роман за Бога, верата, времето и за тоа дека времето не постои, дека сè е едно и сè е поврзано со остатокот, книга за љубовта и за жртвувањето. Андреј Рубљов е во стилот на Името на ружата во оваа длабока приказна, спектакуларно книжевно остварување. Специјалистот по средновековна историја, Евгениј Водолазкин пишува на вечни теми како љубов, вера, саможртва и загуба, со огромна сила и со енергија на маестрален раскажувач. Лавр е напишана во форма на биографија. Се случува во доцниот 15 век во село каде еден исцелител е немоќен да и` помогне на саканата, гледајќи ја како умира при породувањето, уште невенчани и непричестена. Очајниот маж се впушта во исцрпувачко патување во потрага по искупување. На ова тешко патување во сиромаштија им служи на луѓето. На патувањето со кое ги надминува времињата и државите, јунакот минува длабока и болна лична преобразба. Расфрлан во времето и просторот, романот ја спојува темелно проучената историја со фантазијата на постмодерната вселена.



Сподели на Facebook