Објавено од Фатма Бајрам Петок, 16 Август 2019 11:50
Во срцевината на оваа авантура-мистерија лежи една човечка филозофија за сопствената потрага по дом, по смисла, по сродна душа. Инспирирана од личните автостоперски патувања на авторот, Годините кога научив да летам ќе ве внурне во номадскиот свет на талкачите и трагачите, и водејќи ве по себеспознавачки координати ќе ве потсети колку е важно да си го следиме внатрешниот глас.