„Воздух“ - Миријам Дубини

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Времето престанува да тече кога Грета и Анселмо случајно ќе се сретнат на римските улици и ќе си погледнат во очи – нејзините пркосно лути, неговите благо насмеани. Но Анселмо не е обично момче. Тој умее да ги чита пораките од небото. Има дарба да го слуша шепотот на ветрот, да разговара со воздухот... Тој наоѓа изгубени писма, предмети, пораки... и им ги доставува на вистинските приматели, соединувајќи ги на тој начин распараните нишки на судбината.
Анселмо не само што го менува животот на Грета, туку може да создава и чуда. Всушност, може сè додека не си признае дека е вљубен во тоа необично девојче на велосипед. Кога љубовта ќе ги огрее двете млади срца, тој веќе не може во облакот да ги види знаците на судбината. Што ќе избере – љубовта или небото?

Сподели на Facebook