„Живот без крај“ - Фредерик Бегбеде

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Новото дело на славниот Фредерик Бегбеде, романот „Живот без крај“ е негова најавтобиографска приказна. Самиот автор ја нарекува темата на романот соодветна на неговата возраст – доколку претходните книги му беа за љубовта, сексот, бракот, експериментирањето со дрогите итн., во овој роман педесетгодишниот Бегбеде ги истражува темите на семејството, на смртта и вечниот живот. Нараторот на Живот без крај е опседнат со идејата да најде „лек“ за смртта и во таа навидум невозможна потрага ќе биде вклучено целото негово семејство. Трагањето по бесмртноста се претвора во луда авантура, за на крајот, останувајќи во доменот на предвидливото и исполнувајќи ги очекувањата на читателот, нараторот да открие дека бесмртноста постојано била пред него, отелотворена во неговите две ќерки.
Бегбеде без патетика и со многу хумор ја допира оваа мрачна тематика и гради возбудлива приказна која завлегува во доменот на научната фантастика.

Сподели на Facebook