Куќата на џамијата - Кадер Абдолах

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Семејството на Ага Џан со векови е едно од најпознатите и најмоќни семејства во градот. Тие живеат во раскошна куќа поврзана со џамијата. Верни на муслиманската традиција, секоја нивна генерација „раѓа“ по еден имам, духовен лидер на своето време. Кога умира имамот Алсабери, семејството го избира Галгал. Но неговите проповеди имаат политички конотации. Галгал се приклучува на антиамериканското движење и бега во друг град. Имамот е важен човек, но важен е и Ага Џан, богат трговец и писател. Тој сфаќа дека големите општествени промени носат тешки времиња. Сѐ повеќе членови на семејството ја напуштаат куќата на џамијата и тргнуваат по различни патишта. Како одговор на слободниот живот, група предводена од Хомеини ја презема власта. Сите оние што не го почитуваат исламот на ист начин како што тоа го прават тие се егзекутирани на самото место.

Роман за богатството на иранската култура, суштината на исламот, уметноста, човековата природа, влијанието на радиото и телевизијата.

Сподели на Facebook