Последниот од нас - Аделаид Де Клермон - Тонер

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Менхетен 1969 година: Вернер Зилх, амбициозен млад човек, кој успеал со сопствени сили да се издигне во општеството и да стане успешен, решава да го освои Њујорк заедно со својот пријател Маркус. Но, Вернер Зилх е посвоен како мал од страна на едно американско семејство од средната класа. Еден ден, лудо се вљубува во Ребека, богата наследничка и сликарка. Кога Ребека го запознава со своето семејство, мајка ѝ пребледува, а Ребека исчезнува. Дрезден 1945 година: додека градот интензивно е бомбардиран, една мајка умира раѓајќи го своето машко дете, „последниот од нас“. Моќно и емотивно Аделаид де Клермон - Тонер не води низ два континента и две сосема различни епохи: од австриските планини до пустина во Ново Мексико, од замрзнатите рамнини на Полска до Њујорк од трагедијата на свет што завршува до енергијата на еден свет во развој. Двајца непријатели – браќа, две жени врзани со непоколебливо пријателство, двајца млади занесени од невозможна љубов, се јунаците на овој роман кој напнува како трагедија, но се доживува како сага.

„Еден совет: не го почнувајте овој возбудлив роман пред спиење, или ќе останете будни цела ноќ.“

Сподели на Facebook