Вистинскиот - Џон Марс

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Колку далеку би отишле да го најдете вистинскиот?
Малку плунка на чепкалка за уво, тоа е сè што треба. Еден брз тест на ДНК за да се најде совршениот партнер – оној за кого сте генетски создадени. Декада откако научниците откриваат дека секој има еден ген што му е заеднички само со една друга личност на светот, милиони веќе го имаат направено тестот, очајни да пронајдат вистинска љубов. Сега, уште пет души го наоѓаат својот Спој. Но дури и сродните души имаат тајни. А некои од нив се пошокантни – и посмртоносни – од други… Што ако дознаеш дека Вистинскиот за тебе всушност е сериски убиец? Или што ако дознаеш дека Вистинскиот за тебе веќе е женет и има деца? До каде се оди за вистинска љубов и колку може да биде силна таа вистинска љубов кога делиш ген со некого? Ова е еден различен психолошки трилер, уникатна книга што загарантирано ќе ве држи во неизвесност до самиот крај.

 

Сподели на Facebook