Лузна - Хуан Гомес Хурадо

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Една љубовна приказна. Една загадочна лузна на образот. Многу лаги. Дали навистина добро ја познавате личноста со којашто спиете? Апсолутно неодолива приказна од најпопуларниот шпански писател на трилери во светот. Сајмон Сакс, млад компјутерски гениј, би можел да биде миленик на среќата. Пред него е целиот живот и на прагот е да стане мултимилионер ако го продаде својот голем изум, чудесен алгоритам, на позната мултинационална компанија. Но, сепак, тој се чувствува осамено. Неговиот успех е во дисхармонија со неговите речиси непостојни социјални вештини. Сѐ додека еден ден не ги надмине предрасудите и не го посети веб-сајтот за запознавање луѓе, каде што до уши, неискусно и страсно како голобрадо момче, се вљубува во Ирина, без оглед на илјадниците километри што ги одвојуваат, и неја покани во Чикаго. Но, таа, обележана со загадочна лузна на образот, со себе носи мрачна тајна – ја прогонуваат крвави настани што ѝ се случиле во детството. Додека нѐ води од предградијата каде што оперира чикашката мафија, до планините на Авганистан, преку Украина и руските степи, вешто преплетувајќи ги минатото и сегашноста, авторот ни го наметнува прашањето: колку далеку би оделе за оној кого го сакате?

Сподели на Facebook