Изгубената ќерка - Џил Пол

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Руска принцеза. Неверојатна жртва. Мистериозна тајна…
Од авторката на бестселерот Тајната сопруга ни доаѓа нова трогателна приказна за јачината на љубовта и моќта на простувањето. 1918 година: кога државата со која претходно владееја се врти против нив, иднината на семејството Романови виси на конец. Тогаш средната ќерка, Марија, го привлекува вниманието на двајца од стражарите и тоа води до еден многу тежок избор помеѓу правилното и погрешното. Педесет и пет години подоцна:
„Не сакав да ја убијам“. Со овие криптични зборови умира таткото на Вал, оставајќи ја да ја открие мистеријата која поврзува две семејства кои се имаат соочено со неопислива трагедија и можеби конечно да најде објаснување кое се чека многу одамна. Ова е спектакуларна, воодушевувачка и романтична сага која ќе остане со вас засекогаш.

Сподели на Facebook