Берлин - Мајкл Мирола

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

Паѓа Берлинскиот ѕид. Kонтинент подалеку, во психијатриската клиника во Монтреал, пациент се буди од двегодишната  зашеметеност. Неговата опсесија со Берлин е необјаснива. Со неговото бегство од болницата започнува надреалната авантура во која минатото се меша со иднината, а смртта служи да се промени ткаенината на светот во чудниот експеримент на трансценденталната филозофија. Како ракописите на Франц Кафка или Итало Калвино проткаени со мешањето на реалното и надреалното, или како психоделичен трип на дрога, оваа приказна го носи читателот во темниот свет на Западен Берлин—сеприсутниот ѕид, трансвеститските барови и садомазохизмот. Тоа е таен свет каде што преживеаниот од концентрациониот логор продава шпорети на гас; свет на филозофска интелигенција, прељуба и убиство. Френетичен, калеидоскопски, ужасен, брилијантен роман.

Сподели на Facebook