Објавено од Слободан Пачовски Вторник, 29 Септември 2020 10:46
Сакајќи да ја разреши мистеријата, Џулс навлегува сè подлабоко во злогласното минато на „Бартоломеј“ и во тајните вткаени во неговите ѕидови. Спој на хорор-елементи и напната неизвесност со модерен заплет. Мајсторски составена тензија доволно вредна да биде во истото друштво на хорор-класиците што биле нејзина инспирација. Со изненадувачки пресврт на крајот, ова хорор ремек-дело опседнува, плаши и во исто време забавува.