Објавено од Слободан Пачовски Вторник, 20 Октомври 2020 11:14
Избезумена од паника, излегува од својата канцеларија во Лондон, се качува во воз и завршува Бог знае каде. Кога влегува во една голема, прекрасна куќа за да праша за насоки затоа што е изгубена, доаѓа до недоразбирање и помислуваат дека е кандидатка дојдена на интервју, па како гром од ведро небо, ѝ нудат работа како домашна помошничка. Нејзините работодавачи немаат поим дека всушност вработиле адвокатка, а Саманта нема поим како се одржува едно домаќинство; таа не знае ни да спржи јајце. Не знае да зашие копче, не знае да испече компири, не знае да ја отвори даската за пеглање. Но решава да вдише длабоко и да почне да се справува со ситуацијата и тогаш почнува толку слатка приказна, како и лебот што таа учи да го меси и пече (додека истовремено по малку се вљубува). Но дали стариот живот ќе ја стигне? И ако е така… дали таа воопшто ќе сака да му се врати?