Ноќна шума - Џуна Барнс

PDFПечатиЕ-пошта

( 0 Гласа )

„Ноќна шума“, најпознатото дело на енигматичната Џуна Барнс, e еден од најраните романи од реномиран автор во кои експлицитно се обработува хомосексуалната љубов.
Делото минува низ цела одисеја од обиди и одбивања, редакции и цензури, сè додека Т. С. Елиот не ја препознае неговата несомнена вредност и не го препорача за објавување во годината на нацистичката Олимпијада.
Своето место во книжевниот пантеон го има обезбедено пред сè поради неговиот речиси непреводлив и уникатен стил, кој од првата страница го открива присуството на голем и неодминлив автор. Тешкиот, лирски евокативен, јакобински раскошен и декадентно готски јазик на Џуна Барнс искричаво се распрснува низ секоја од страниците на нејзиниот tour de force роман, нурнувајќи го читателот во превртениот свет на европските Бурни дваесетти и обликувајќи еден од најнезаборавните ликови во историјата на целокупната светска книжевност: доктор Метју О’Конор

Сподели на Facebook